Приведени тројца скопјани кои „оперирале“ во Берово, Делчево и Виница – ММС
ММС

Објавено на: 03/24/21 3:48 PM

Приведени тројца скопјани кои „оперирале“ во Берово, Делчево и Виница

Пет кражби од кои три „тешки кражби на дрзок начин“ извршиле  тројца скопјани, во само еден ден. Трите кражби биле во Берово и по една во Делчево и Виница. Полицијата ги приведе.

„По преземени мерки и активности полициски службеници од ОВР Берово и ОВР Делчево ги лишиле од слобода А.Ш.(47),А.Х.(48) и С.Д.(37), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека на 22.03.2021, на подрачјето на Берово сториле три кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“, едно кривично дело „кражба“ во Виница и една „кражба“ во Делчево, при што од продажни објекти биле одземени разновидни производи. Украдените предмети биле вратени на оштетените граѓани,“ информираат од СВР Штип.

По комплетирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

В.Кр