Олимпискиот факел кој го означува почетокот на Олимписките игри во Токио ќе биде запален утре, јавува Агенција Анадолија (АА).
Јапонскиот олимписки комитет соопшти дека церемонијата на палење на факелот во олимпиското село во Фукушима, поради пандемијата на коронавирусот, ќе се одржи без гледачи.
Факелот ќе го запали женската фудбалска репрезентација на Јапонија, а патувањето на олимпискиот факел ќе трае 121 ден, во текот на кое ќе ги помине сите 47 јапонски префектури.
Патешествието на олимпискиот факел ќе заврши на 23 јули на Олимпискиот стадион во Токио.
Олимписките игри, кои требаше да се одржат од 24 јули до 9 август 2020 година, беа пролонгирани поради Ковид-19.