Иако Германија најави строги епидемиолошки мерки за Велигден со цел да се сведе заразата на минимум, неофицијално извори од владата најавиле дека одлуката се откажува.
Првично беше најавено продолжување на карантинот до 18 април, со што од први до четврти рестрикциите требаше да бидат построги. Тоа би значело потполно ограничување на собирањето со можност да присуствуваат само пет личности од две домаќинства, а би работеле само бензинските и некои продавници.
Според првичните најави во четврток, први април, се би требало да биде затворено, а во саботата би биле отворени само супермаркетите. Мисите за Велигден не се откажани, но владата сепак упати молба да се одржуваат онлајн, а не во црквите.
И покрај првичните најави на германската канцеларка, сепак строгите мерки се откажани, но не е познато која е алтернативата. Меркел свика итен состанок за да се дискутира за новите мерки.
На учесниците на вонредниот состанок им било кажано дека нема да се примени договорот кој го донесоа во вторникот, со кој мерките ќе траат и за Велигден, а бројот на луѓе на фамилијарните средби ќе биде ограничен.
Критиките со кој беше дочекан ваквиот договор од пред два дена главно се однесуваа на тоа дека и покрај маратонските разговори на Меркел со премиерите на покраините, сепак клучните елементи од договорот останаа нејасни.
Германските бизнисмени и индустриите се жалеа дека не знаат што велигденските мерки би значеле во пракса.
„Се работи за моја грешка“ – наводно рекла Меркел.
Според наводите причината за ваквата одлука е што затварањето или силните рестрикции на први и трети април би биле тешко применливи.
извор: vecernjilist.hr