Спреј за нос што спречува пренесување на корона одобрен во Израел и Нов Зеланд – ММС
ММС

Објавено на: 03/24/21 2:38 PM

Спреј за нос што спречува пренесување на корона одобрен во Израел и Нов Зеланд

Израел и Нов Зеланд издадоа привремено одобрение за продажба на спреј за нос (НОНС), што може да помогне да се спречи пренесувањето на вирусот корона.

Производството на спрејот наречен „Еновид“ започна во Израел и се очекува производот да се најде во продажба во текот на летото. Во Нов Зеланд, овој спреј за нос е регистриран со одобрение од регулаторната агенција на Нов Зеланд, Дирекцијата за безбедност на лекови и медицински помагала, што дава можност веднаш да се дистрибуира и продава без рецепт.

НОНС треба да ги заштити корисниците од вируси кои влегуваат во организмот преку горниот респираторен тракт. Сепак, Министерството за здравство на Нов Зеланд објави дека сè уште не го одобрило производот за употреба како антивирусен спреј за нос. Според надлежните органи, одобрението наведено од фабриката не ја задоволува класичната постапка на поднесување барање или одобрување.

Резултатите од клиничките испитувања беа објавени минатата недела, и тие покажуваат дека НОНС е ефикасен антивирусен лек што може да спречи пренесување на ковид-19, да го скрати времетраењето на болеста и да ја ублажи сериозноста на симптомите кај веќе заразените пациенти. Формулата за спрејот за човечка употреба е дизајнирана да ги уништи вируси во горниот респираторен тракт, спречувајќи ги да се инкубираат и шират во белите дробови.

novosti.rs