Ни го ограничивте правото да работиме, а не ни помогнавте: Ивент индустријата бара средба со Заев до 29 март, во спротивно најавија барање решение на радикален начин – ММС
ММС

Објавено на: 03/24/21 1:45 PM

Ни го ограничивте правото да работиме, а не ни помогнавте: Ивент индустријата бара средба со Заев до 29 март, во спротивно најавија барање решение на радикален начин

Асоцијацијата на Ивент Индустријата преку отворено писмо до Владата побара средба со премиерот или со некој од членовите на Владата најдоцна до 29 март, во спротивно најавија „решавање“ на проблемот на радикален начин.

Од ИВАП се жалат дека целата заедница на компании која се занимава и работи во секторот за организација на настани е во незавидна и тешка состојба, а Владата како што велат и покрај тоа што им го ограничила правото да работат, не се обидела да им помогне.

„ Веќе една година секторот не работи или работи делумно, со крајно ограничувачки факто
економски неисплатливи проекти. Тоа значи дека компаниите и вработените се оставени
основна можност за приход или заработка за живот. Се обидовме да бидеме конструктивни,
придонесуваме за ширење на заразата, не вршевме притисок врз вас и имавме разбирањ
ситуацијата во која сите се наоѓаме. За жал, не го добивме истиот пристап и од Ваша страна“ – се вели во отвореното писмо до Владата.

Од ИВАП велат дека пакетот мерки кој што бил наменет за нив, ниту е ставен во функција, а ниту пак ќе придонесе за олеснување на нивната состојба.

За итно решавање на проблемите бараат средба до 29 март, во спортивно велат ќе  бидат приморани да го искористат правото решенијата да ги бараат на поинаков начин.

„ Искрено ве замолуваме да не нé терате нашата едногодишна тишина да ја претвориме во голема
врева, која нема да престане се додека не се исполнат нашите барања“ – велат од ИВАП.

Претходниот месец од Ивент индустријата изразија незадоволство од петтиот пакет мерки од Владата и го нарекоа „фрлање трошки“.

Мерката 11 наменета за нив, во која се предвидени средства за организација на настани и реализација на проекти од исклучителен јавен и државен интерес, според нив не претставува помош туку реализација на програма и активности на Владата за 2021 година. Не им беше јасно ниту кои се тие проекти од државен интерес, кои ќе бидат критериумите за добивање проект, кој ќе добие помош, за кога се однесуваат проектите и сл.