Сексот беше услов за живот во вилата на Хју Хефнер, тврди бившата зајачица на Плејбој, Холи Медисон – ММС
ММС

Објавено на: 03/24/21 8:00 PM

Сексот беше услов за живот во вилата на Хју Хефнер, тврди бившата зајачица на Плејбој, Холи Медисон

Холи Медисон (41), позната во јавноста од серијата „Девојки од соседната соба“, но и како една од девојките кои живееле во вилата на сопственикот на „Плејбој“, Хју Хефнерподготвува сопствена серија која ќе се снима според нејзините мемоари и која ќе изнесе загрижувачки факти за вилата.

Медисон пишуваше во книгата „Down the Rabbit Hole“ пишуваше за животот со Хефнер во периодот од 2001 до 2008 година откривајќи дека била во депресија додека живеела таму, се чувствувала заробено и патела поради емоционалната контрола над неа.

„Се чувствував како да имам нешто да кажам за тоа што Парис Хилтон, Џесика Симпстон и Кендра толку се слават во медиујмите. И јас бев дел од тоа и сакав да ја напишам втората страна на приказната“, вели Медисон.

Кога имала 20 години заминала во Лос Анџелес за да почне актерска кариера, а еднаш била повикана на забава во раскошната вила. После тоа редовно одела таму и сакала да стане една од зајачиците на „Плејбој“.

„Тоа беше мој избор, но не бев толку софистицирана ниту подготвена на тоа. И некако ми се вовлече во главата“.

Иако девојките од вилата и велеле дека никоја од нив нема сексуални односи со Хефнер, Медисон после првата ноќ забележала дека сексот бил услов за животот таму. Хефнер при едно излегување во Холивуд и понудил таблети, но Медисон ги одбила, а кога се вратиле во вилата и било речено да оди во спалната соба на Хју Хефнер.

Во тоа време девојка на Хју била Тина Џордан, но кога Медисон влегла во собата забележала порно-филмови на екраните и Хефнер мастурбирал на девојки кои глумеле во лејзбејски сцени. Потоа една од девојките ја турнала кон Хефнер.

„Беше толку кратко што не можам ниту да се сетам какво беше чувството, освен што чувствував тешко тело врз моето“, открива Холи.

Таа сакала да ја задржи својата прва работа во еден американски ланец ресторани и сакала да има контакт со надворешниот свет и да заработува затоа што Хефнер им давал пари само за облека и козметика. Таа била критикувана за нејзината кратка фризура и не смеела да носи црвен кармин.

Реалното шоу „The Girls Next Door“ и помогнало да престане да биде депресивна, патувала многу и заработувала од шоуто. Потоа почнала да стажира во списанието и станала уредничка на фотографија.

„На крајот дефинитивно препознав дека вербално ме злоставуваше и поради тоа пукнав. Во врската имапе многу работи кои ми беа неудобни. Кога Бриџет и Кендра се подготвуваа за заминување, се чинеше како да сум конечно единствена. Но. Хефнер ме нападна дури три пати во еден викенд. Помислев дека не можам да останам овде ако овој тим се однесува како кретен“, раскажува таа.

Нејзината книга е објавена во 2015 година додека Хју се уште беше жив. Преку својот портпарол тој тогаш и порача:

– Имав многу романтични врски и многу од жените денес имаат среќен и продуктивен живот. Но, постојат неколку од оние кои одлучиле да пишуваат за  минатото за да останат во центарот на вниманието. Претпоставувам дека не можете баш сите да ги освоите – рече Хефнер.

извор: 24sata.hr

фото: nydailynews.com, Instagram