Путин се чувствува добро, само тој и докторот знаат која вакцина ја примил, велат од Кремљ – ММС
ММС

Објавено на: 03/24/21 11:15 AM

Путин се чувствува добро, само тој и докторот знаат која вакцина ја примил, велат од Кремљ

Која вакцина ја примил рускиот претседател Владимир Путин знаат само тој и неговиот доктор, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.

„Уште вчеравечер соопштивме дека сите три руски вакцини се апсолутно ефикасни и безбедни и затоа нема никаква разлика со која од нив се вакцинирал претседателот. За тоа која вакцина ја избрал, знаат само тој и лекарот кој го вакцинираше“ – одговори Песков на прашање на новнарите на кој принцип Путин ја избрал вакцината.

Рускиот претседател синоќа ја прими првата доза на вакцината и како што соопшти Песков, се чувствува добро. Денеска Путин се вратил на работа, а втората доза од вакцината треба да ја прими за три недели.

Претходно беше соопштено дека Путин не го поддржува вакцинирањето пред камери и дека затоа не сака да биде објавена снимка од неговото вакцинирање. Портпаролот Песков потенцира дека рускиот лидер и без јавна вакцинација, доволно работи на пропагандата за вакцини.

 

извор: спутникњуз