Се проценува дека човекот во текот на денот „доживува“ околу 70 илјади различни мисли. Со други зборови, дневно имаме околу 70 илјади шанси да се чувствуваме добро или лошо. Ако имате лошо мислење за себе, се сомневате во својата способност и ги преиспитувате своите одлуки, така само ќе си наштетите на самите себе (а веројатно и ќе го ризикувате своето здравје). Сепак, добрата вест е дека можете да го промените начинот на размислување. Постојат 5 „ментални вежби“ со кои ќе го истренирте мозокот за среќа и постигнување успех.
Правете разлика меѓу размислување и решавање проблеми
Размислувањето за стратегии би можело да ви помогне да совладате некои препреки, но замислувањето себеси во болни ситуации, не е воопшто продуктивно. Секогаш кога ќе се „фатите“ себеси дека размислувате за нешто многу долго, одвојте од своето време за да се запрашате дали всушност нудите решение за проблемот или само претерано размислувате за него. Во случај активно да работите на справување со одреден проблем, само продолжете! Меѓутоа, ако во себе си ги повторувате сценаријата кои веќе се случиле или создавате катастрофални предвидувања за работи на кои не можете да влијаете, променете го тоа. Не преоптоварувајте ги своите мисли со проблемите, фокусирајте се на други, попродуктивни активности.
Дајте си совет кој би му го дале на близок пријател
Ако сте како повеќето луѓе, голема е шансата да сте премногу критички настроени кон себе. Меѓутоа, ако се мачите самите себе и ги преувеличувате своите грешки, само ќе се чувствувате полошо. Студиите покажуваат дека луѓето кои имаат сочувство кон самите себе, имаат подобро ментално здравје, имаат подобра слика за себе и поголема самодоверба. Разговарајте сами со себе како да разговарате со многу близок пријател.
Препознајте ги своите емоции
Многу луѓе имаат одбивнст кон тоа да ги покажуваат своите чувства. Како резултат на тоа, луѓето се оддалечуваат од своите чувства, па во одреден момент доаѓаат до ситуација во која им е тешко да препознаат како се чувствуваат. Издвојте неколку минути дневно и обидете се да ја одредите својата емоционална состојба. Препознајте ги своите чувства и размислете за тоа како тие би можеле да влијаат на вашите одлуки. Независно од тоа дали се чувствувате тажно поради нешто во приватниот живот или сте загрижени поради нешто што се случува на работа, ако не сте свесни вашите емоции ќе се одразат на сите аспекти од вашиот живот.
Балансирајте меѓу емоциите и разумот
Без оглед на тоа дали се соочувате со некаква важна финансиска одлука или сте во некоја дилема поврзана со семејството, најдобрите одлуки ќе ги донесете доколку ги урамнотежите своите емоции со својот разум. Кога ќе забележите дека емоциите надвладеале обидете се да размислувате порационално. Најлесниот начин на кој можете тоа да го постигнете е да направите „попис“ на предностите и недостатоците од секој ваш избор. Читањето на таквиот попис може да ви помогне да ја донесете најдобрата одлука.
Вежбајте благодарност
Благодарноста се поврзува со бројни физички и психолошки придобивки, меѓу кои и среќата. Независно дали разговарате со други луѓе за работите за кои сте благодарни, или пак пишувате дневник, обидете се да го истренирате својот мозок да ги забележува добрите работи во животот. Ова би можело да биде наједноставниот, но и најефикасниот начин да ја подобрите својата благосостојба.
Извор: krenizdravo.hr