(Видео) Се онесвести играч на Атлетико среде тренинг – ММС
ММС

Објавено на: 03/24/21 10:14 AM

(Видео) Се онесвести играч на Атлетико среде тренинг

Тренингот на Атлетико Мадрид го прекинаа драматични сцени кои го потресоа цел тим! Ѕвездата на фудбалскиот тим од Мадрид, Муса Дембеле при истегнување се сруши на теренот и остана без свест. Соиграчите веднаш претрчаа да му дадат прва помош додека тој беше во бессознание, а левата нога му се тресеше.

Набрзо дојдоа и лекарите кои го освестија, а потоа играчот сам го напушти тренингот и отиде до болничкото возило.

Весникот „Марка“ пишува дека од Атлетикот им рекле дека напаѓаот имал проблеми со благ пад на притисокот, во моментов бил на обсервација, но сите витални знаци му биле апсолутно нормални.

извор: Mondo.rs