Македонската влада на синоќешната седница донесе одлука со која, летното сметање на времето во 2021 година да започне на 28 март во 02:00 часот.
На седницата е одлучено етапната исплата на мартовските пензии да почне одп онеделник, 29 март. Владата го задолжи Фондот на пензиско и инвалидско осигурување најдоцна до 26 март да ги достави податоците за пензиите до деловните банки.
Банките готовинската исплата на пензии ќе ја организираат во четири групи:
– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2021 година (понеделник);
– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2021 година (вторник);
– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.03.2021 година (среда); и
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.04.2021 година (четврток).