АМСМ соопштува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег има во Маврово и на планинските премини Стража и Плетвар.Половина час траеше забраната за движење на камиони Прилеп – Градско преку планинскиот превој Плетвар, додека од 08.15 часот забраната е укината, соопшти јавното претпријатие „Македонија пат“.
На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег.