(ВИДЕО) За неколку минути може да убие 26 луѓе: Нашла слатко животно и сакала да се фотографира со него, па за влакно избегнала смрт – ММС
ММС

Објавено на: 03/23/21 9:20 PM

(ВИДЕО) За неколку минути може да убие 26 луѓе: Нашла слатко животно и сакала да се фотографира со него, па за влакно избегнала смрт

Една туристка за влакно избегнала смрт откако во рацете држела плавопрстенест октопод, кој е во состојба за неколку минути да убие 26 луѓе. Кејлин Филипс на ТикТок објавила видео на кое прикажува како држи смртоносно животно, потполно несвесна дека го ризикува животот.

„Одморот на Бали и незнаењето дека држам едно од најсмртоносните животни“, бил насловот на видеото на кое се фотографирала со октоподот чиј отров може да го спречи дишењето во рок од неколку минути, пренесува „San“.

За среќа ништо не се случило, но мажот по име Ерон Пикс (42) поминал многу полошо. Тој итно е префрлен во болница кога ќерка му му дала школка која ја пронашла додека пливала со нејзиниот брат во близина на Перт во Австралија.

-Кога си дојдовме дома и ги извадив школките да ги исчистам, плавопрстенестиот октопод беше во мојата рака, рекол Ерон.

Потоа открил дека уште една му се крие во џебот. Медицинските лица претпоставиле дека таа му ја полазела ногата, поради што реагирале на време и Пикс поминал само со лесна реакција.

@octomomkp

Called my dad crying 3 hours later in Bali🙃 #blueringoctopus #bali #uluwatu #fyp #imdumb #thanksjesuschrist #ShowerWithMoxie #EnvisionGreatness

♬ Oh No Oh No Oh No No No – Dubskie

Извор: Србијаданас.рс