Повеќе од 300 лешеви и 40 тони човечки измет – Монт Еверест полн со смет, еколозите се сетиле на вакво решение – ММС
ММС

Објавено на: 03/23/21 8:26 PM

Повеќе од 300 лешеви и 40 тони човечки измет – Монт Еверест полн со смет, еколозите се сетиле на вакво решение

Монт Еверест ја носи титулата најголемата планина во светот, но истовремено има и неславна титула, место на кое се насобрало најголемото ѓубре на светот, поточно 140 тони смет кој со текот на годините го оставиле бројни туристи и авантуристи.

Така тука може да се најдат разни исфрлени предмети, од скршени шатори до празни плински боци за вода, да не се споменува 40 тони човечки измет и повеќе од 300 лешеви.

Еколозите дошле до идејата дел од тој отпад да се искористи. Одлучиле да отворат Хималајски музеј и Одржлив парк на природата, кои би требало да се отворат до крајот на годината. Водителот на проектот Фињо рекол дека целта на неговата замисла е да го привлече вниманието на јавноста на голем проблем со отпад со кој се среќава локалното население, но и светот.

-Целиот нерециклирачки и метален отпад собран на Еверест сакаме да го претвориме в скулптури, уметнички и дизајнерски предмети, рекол тој.

Музејот би требало да биде завршен до крајот на 2021 година, а Фињо рекол дека бара да соработува со локални и странски уметници кои отпадот ќе го претворат во уметнички дела, со долгорочна цел, осмислување и создавање на домашни предмети во регионот.

Тој открил дека замислата за отворање на музеј дошла после соработката со уметниците во текот на сезона 2011 и 2012 година. Тие тогаш доброволно се согласиле да рециклираат отпади да го претворат во уметнички дела. Резултатот бил многу успешен, па предметите подоцна биле изложени во Катманду во Шведска.

Извор: Вечерни.хр