Претреси во објекти во сопственост на поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески утринава се извршени во Скопје и Прилеп, пренесува „Слободен печат“.
Од Јавното обвинителство посочуваат дека утрово бил извршен претрес во објект на Миле Јанакиески во Прилеп, како и во станови на Никола Груевски во Скопје во врска со предметот „Плацеви на Водно“.
Токму поради плацевите на Водно пред две недели во притвор беше спроведен бизнисменот Јордан Камчев кој е осомничен за кривичното дело „перење на пари“.
Во случајот „Плацеви на Водно“, покрај Никола Груевски, осомничени се и Ристо Новачевски, Сашо Мијалков, Јордан Камчев, неговата мајка Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.