Големиот број на инфицирани пациенти со КОВИД 19 како и многуте амбулантски прегледи на дневна основа го зголемија бројот на хоспитализирани пациенти со КОВИД 19 во Клиничката болница Тетово, каде деновиве се отвори уште едно одделение за лекување на пациенти со КОВИД 19.
Моментално во болницата се хоспитализирани 37 пациенти сите со кислородна подршка, а голем дел од нив со потешка клиничка слика што резултира со фатален исход на пациентите затоа што голем дел од нив имаат коморбидитети.
И додека се полнат болничките капацитети, модуларната болница се уште стои во кругот на болницата, без никаква функција иако е целосна изградена. Од тетовската болница со уште едно ветување дека во овој објект ќе започнат да се лечат КОВИД пациенти.
-До Министерството за здравство сме поднеле барање за издавање на решение за поставување на вода и струја како и централен систем на кислород за модуларната болница. По добивањето на дозволата веднаш ќе започнат активности за целосно опремување на објектот и негово пуштање во употреба, велат од тетовската болница.
Тетовскиот е меѓу регионите со најголем број на заразени со КОВИД 19. Месецов на дневна основа се евидинтираат и до четриесетина позитивни случаи на вирусот.
Зоран Димовски