Момент кој го чекаа сите: Македонија во албумот на Панини – ММС
ММС

Објавено на: 03/23/21 1:26 PM

Момент кој го чекаа сите: Македонија во албумот на Панини

Генерации наназад ги собирале сликичките на славниот албум на Панини, но оваа генерација ќе има со што да се пофали, затоа што во него за првпат ќе се најдат и фудбалерите на македонската репрезентација.

По историскиот пласман на Европското првенство 2020, кое поради пандемијата беше одложено за оваа година, избраниците на селекторот Игор Ангеловски добија можност да се натпреваруваат со најдобрите во Европа, но и можност да бидат дел од колекционерскит збирки на најпознатиот албум со спортски сликички во светот.

Албумот на Панини веќе е во продажба низ европските земји, а наскоро ќе стигне и во Македонија, па сите љубители на фудбалот ќе имаат уникатна можност да ги лепат сликичките на Пандев, Елмас, Алиоски, Адеми, Ристовски, Барди и соиграчите кои за првпат во историјата ќе ја претставуваат нашата земја на едно европско првенство.

Македонија ќе игра против Холандија, Австрија и Украина, а натпреварите се закажани за следниот јуни.

фото: Facebook