Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар синоќа во 22.30 часот во гостиварското село Неготино ги лишиле од слобода Б.Д. (20) и К.Д. (22), двајцата од Албанија.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, двајцата приведени привремено престојувале во куќа на жител од село Неготино, а се осомничени дека минатата и оваа година извршиле десетина тешки кражби во поширокиот регион на Врапчиште.
– При претресот од 22 до 23 часот, извршен со судска наредба, во просториите во кои тие престојувале биле пронајдени и со потврда одземени 42 разновидни предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражбите, соопшти МВР.
Двајцата албански државјани се задржани во Полициската станица Гостивар, а по документирање на случајот против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок.