Почина поранешниот заменик-министер за образование и пратеник, Тале Герамитчиоски – ММС
ММС

Објавено на: 03/23/21 12:05 PM

Почина поранешниот заменик-министер за образование и пратеник, Тале Герамитчиоски

Како последица на коронавирусот, синоќа на 59-годишна возраст почина поранешниот заменик-министер за образование и пратеник од редовите на СДСМ, професор Тале Герамитчиоски.

Тажната вест на својот „Фејсбук“ профил ја соопшти министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. Функцијата заменик-министер за образование, Герамитчиоски ја извршуваше од периодот 2002-2006 година, а од 2006 до 2008 година беше дел од законодавниот дом.

Беше професор на Техничкиот факултет на Универзитетот во Битола.

 

 

 

 

Фото:

frontline.mk