Почина легендата на Лос Анџелес Лејкерс, Елџин Бејлор – ММС
ММС

Објавено на: 03/23/21 11:47 AM

Почина легендата на Лос Анџелес Лејкерс, Елџин Бејлор

Легендата на Лос Анџелес Лејкерс и НБА лигата, Елџин Бејлор, вчера почина на 86-годишна возраст, потврдија од неговото потесно семејство.

„Хол оф фејмерот“ кој влезе во „куќата на славните“ во 1997 година, важи за еден од оние кошаркари кои со своите изразени карактеристики, разновидност, физичко присуство и атрактивност, го променил текот на играта и поимањето на кошаркарите во своето време.

Бејлор е икона на клубот од Калифорнија, каде што ја поминува целата професионална кариера (од 1958 до 1971 година) и спаѓа во онаа категорија од четири играчи во историјата на НБА кои во кариерата успеале во просек да забележат повеќе од 25 поени и десет скокови по натпревар.

Дури 11 пати е избран на „Ол-стар“, а 10 пати се нашол во идеалниот тим на лигата.

 

 

 

Фото:

blackhillsfox.com