Од 221 стана 106 килограми, но од 6.000 евра му зависи здравјето – Славчо Апостолов по стеснување на желудникот се соочува со нов проблем – ММС
ММС

Објавено на: 03/25/21 7:00 PM

Од 221 стана 106 килограми, но од 6.000 евра му зависи здравјето – Славчо Апостолов по стеснување на желудникот се соочува со нов проблем

Прекумерната тежина ми го промени животот, наидов на многу препреки и многу осуди, но мојата сопруга е тука до мене. Таа е потпора во мојот живот веќе девет години. Емилија никогаш не би ме оставила иако имам проблеми со тежината. Ме сака таков каков што сум, искрен, пријатен и пред се другар. Вака  Славчо Апостолов од Скопје го објаснуваше својот проблем со гојазноста. Тој пред да го оперира желудникот  објасни и зошто се решил да го направи денес многу популарното „подврзување на желудникот“.

-Освен за мене и моето здравје, ова го правам и за мојата сопруга, бидејќи ако ја сум здрав, можам и на неа да и помогнам. Да ослабам, да можам да работам, да можам да ја изненадувам барем со ружа или некое парфемче, но пред се сакам да и ја остварам желбат. Сакам Емилија да се оствари како мајка, пред една година го изјави Славчо и учествуваше во телевизика емисијата преку која имаше можност да биде одбран за стеснување на желудникот во Турција.

Тој на операцијата замина со 221 килограми, а денес има 115 килограми и за среќа успешно се опорави по операцијата.

– Бевме пресреќни што не одбраа токму нас. Пред две години сакав да одам на операција, но немав средства, па за  кога видовме дека постои емисија која ќе ни пружи таквата можност  веднаш се пријавивме, вели тој и додава дека малку се плашел за неговиот живот, но решил дека е подобро да направи операција за да започне нов живот.

Прекумерната тежина можеби стана минато, но проблемите тука не завршуваат. Поради килограмите кои ги имал се соочувал со болки во нозете, му се создале лимфни едеми што му создаваат отоци, кои можат да предизвикаат инфекции и рани.

– Имам болки во нозете кои се неподносливи, циркулацијата ми е намалена на минимум. Откако ослабев кожата ми се спушата надолу и масното ткиво предизвикува проблеми во одењето, кое се манифестира со силни болки, вели 38-годишниот Апостоловиски.

За да може целосно и квалитено да продолжи со животот Славчо мора повторно да замине за Турција, каде ќе му биде направена операција, поточно ќе му биде отстранет вишокот кожа, но за оваа операција Славчо нема пари. Тој ги замолува сите хумани луѓе да му помоганат за да може и тој да се радува на животот како секој млад човек.

– За да заминам на операција во Турција ми се потребни 6.000 евра и плус  имам трошоци за пост оперативни преврски. Јас немам како да ја соберам оваа сума на пари, па поради тоа јавно ги замолувам луѓето да ми помогнат колку што можат. Благодарен би бил и доколу само оваа вест се прошири на што повеќе луѓе.Секогаш кажував не барам помош од никој , ама се работи за здравје и прв пат барам од добри луѓе да ми помогнат.  Некогаш мора и својата гордост да ја погазиме за здравје да побараме помош, вели Славчо.

Весна Петровска