Мицковски: Одложување на пописот веднаш – ММС
ММС

Објавено на: 03/23/21 11:15 AM

Мицковски: Одложување на пописот веднаш

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски денеска уште еднаш побара одложување на пописот веднаш, посочувајќи дека здравјето на граѓаните не смее да биде заложник.

-Најкриминалната влада на Балканот, а истовремено и најнеспособната да обезбеди имунизација на населението нѐ убедува дека нема одложување на пописот, обезбедени биле најбезбедни протоколи. А во меѓувреме, соседна Србија која е рекордер во имунизирано население на Балканот, соседна Бугарија, Романија, Косово го одложуваат пописот поради загриженост од енормно ширење на пандемијата, пишува Мицковски на Фејсбук.

Како заклучок, тој наведува дека „најнеспособните велат имаат безбеден протокол за успешен попис, а рекордерите го одложуваат пописот поради тоа што сакаат да го заштитат здравјето на граѓаните и да спасат човечки живот”.

-Здравјето на граѓаните не смее да биде заложник на Заев, Филипче и Симовски. Одложување на пописот веднаш. Ќе одговарате!, пишува лидерот на опозициската партија Мицковски на Фејсбук.