Во четврток ќе се одржи 18. состанок на мешовитиот парламентарен комитет – Северна Македонија и ЕУ.
На состанокот е предвидено да се разгледува состојбата на односите меѓу ЕУ и Северна Македонија со фокус на имплементација на правото на ЕУ.
На настанот, што ќе се одржи виртуелно, како што е најавено на веб страната на Собранието најавени се обраќања на заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи, како и директорката за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување Ѓеновева Руиз Калавера и директорката за Западна Европа, Западен Балкан, Турција и Обединето Кралство Ангелина Ајхорст, од Европската комисија.