„Твојата енергија има еротика“ – Бранислав Лечиќ вознемирувал и новинарка – ММС
ММС

Објавено на: 03/22/21 11:40 PM

„Твојата енергија има еротика“ – Бранислав Лечиќ вознемирувал и новинарка

Актерката Даниела Штајнфелд го пријавила актерот Бранислав Лечиќ за силување, а како што тврди не е единствената девојка која го доживеала тоа од него. Дека за жал тоа е вистина, дкажуваат и објавите кои новинарката Христина Стоилковиќ, водителка на политичка емисија „Минут до 12“ објавила на Твитер. Во прашање е смс порака која како што рекла, и ја пратил Лечиќ.

Таа го запознала Лечиќ за време на снимањето на емисијата во 2019 година. После тоа таа почнала да добива пораки кои со недели и стигнувале од Бранислав Лечиќ, тврди водителката.

„Христина, бидејќи така се браниш од предизвици. Ова е за мене прелесно“.

 

„Христина, не можам да одолеам, а да не ти пишам. Ми се допадна денес. Твојата енергија има памет и еротика. А тоа е ретка комбинација“.

 

На објавата која ја ставила на социјалните мрежи, новинарката напишала дека станува збор за вообичаени манири на Лечиќ.

-Првиот манир на Лечиќ е да се поставува како да причинува голема чест што си му се допаднала. А потоа и еден куп пораки со секојдневно непрекинато барање. Дотичниот со недели не тангира што претерано звони и пораки сите до една останаа без одговор, напишала таа на Твитер.

Извор: Нова.рс

Фото: Нова.рс