Познатата манекенка Ирина Шајк обично не споделува детали за својата приватност, а во една прилика открила голема траума низ која поминала.
Таа споделила една потресна случка за време на турбулентните 90-ти, кои на извесен начин ги одбележале.
-Кога имав шест години, не ограбија. Отворив врата и налетав на тројца маскирани мажи, од кои еден држеше пиштол на мојата глава. Се откри дека ги испратил најдобриот пријател на татко ми. Можеби затоа немам многу пријатели, тешко ми е да им верувам на луѓето. Порано не зборував на оваа тема, раскажала Ирина
Таа додала и дека и е многу важно нејзината ќерка Леа, која ја доби со актерот Бредли Купер, биде свесна за тоа од каде им се парите и да ги почитува.
-Сакам мојата ќерка да знае дека нејзината мајка има работа во својот живот, бидејќи сакам да одгледам силна жена. Подароци и храна не доаѓаат туку-така, истакнала таа во една прилика.
Извор: Нова.рс
Фото: Инстаграм