Одрони на патот Македонска Каменица – Делчево – ММС
ММС

Објавено на: 03/22/21 6:50 PM

Одрони на патот Македонска Каменица – Делчево

Одрони го блокираа патниот правец Македонска Каменица – Кочани кај месноста „Препишо“. Одроните како што информираат возачи кои патуваат на релација Делечво – Кочани се забележани во 18 часот, а на лице место се наоѓа полиција која го обезбедува местото.

– Имав среќа да поминам пред одроните, во моментот таму се наоѓа полиција. Точната локација е после првиот подолг мост од Македонска Каменица кон Кочани, кај местото викано „Правото“ или познато како „Препишо“, на отприлика 700-800 метри пред браната Калиманци, информираат возачи.

Од Македонија Пат додадоа дека нивна механзиација се упатила на терен. Според нивните очекувања се очекува одроните да бидат расчистени во текот на наредниот час. Апелираат на внимателно возење на споменатата делница како и долж целиот патен правец Делчево – Кочани.