Катар и Кина потпишаа 10-годишен договор, што вклучува годишна продажба на 2 милиони тони течен природен гас (LNG), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од „Qatar Petroleum“, сопственост на Катар, се наведува дека е потпишан договор за продажба и испорака на течен природен гас (LNG) со кинеската групација „Sinopec Group“.
Во изјавата се додава дека на церемонијата на потпишување на договорот одржана преку видео-конференција присуствувале државниот министер за енергетски работи на Катар и извршниот директор на „Qatar Petroleum“, Саад Шерида ал Кааби и претседателот на групацијата „Sinopec Group“, Zhang Yuzhuo.
Исто така се наведува дека испораката на LNG од Катар во Кина ќе започне до јануари 2022 година, а договорот е потпишан за 10 години и вклучува 2 милиони тони продажба на LNG годишно.
Катар започна да извезува ЛНГ во Кина во септември 2009 година.