Обединетата македонска дијаспора (ОМД) оценува дека пописот на иселениците се политизира особено од страна на политичари и дипломати Албанци. Оттаму ги повикаа иселениците, а и Македонците во Северна Македонија да не го бојкотираат пописот.
– Иако бројката на дијаспората нема да влезе во бројот на жители на Македонија, пописот на иселениците засилено се политизира, особено од страна на политичари и дипломати Албанци и се претставува како важна статистичка операција од која зависат уставните права на нивната етничка заедница. Организациите и друштвата на Македонците во дијаспората во последните денови позасилено се вклучија во повикувањето на иселениците да учествуваат во пописот. Обединетата македонска дијаспора ги повикува и Македонците во Македонија да не го бојкотираат пописот, напиша Мето Колоски од ОМД на Фејсбук.
(МИА)