Доколку имате проблеми со скалпот или со првут, овој маслен третман со ѓумбир може навистина да ви помогне. Покрај тоа што позитивно делува против првутот, истовремено го забрзува процесот на растење на косата и го зајакнува влакното.
Придобивките од ѓумбирот за вашата убавина се огромни. Тој не само што е добар за целокупното здравје, туку е одличен и за здравјето на кожата и косата.
Третман со ѓумбир за убава коса без првут
Ѓумбирот има својство да го намали процесот на стареење поради антиоксидансите кои ги содржи. Ја подобрува циркулацијата, ги поправа оштетените фоликули на косата и содржи кератински протеини кои го поттикнуваат нејзиниот раст и ја прават помека. Поради способноста на ѓумбирот да ја стимулира циркулацијата и содржината на кератински протеини, овој третман ја враќа живоста на оштетената коса и ја прави лелеава и прекрасна. Па, одвојте неколку минути за подготовка на оваа маслена маска за коса со ѓумбир и почувствувајте ги нејзините придобивки уште по само првиот третман.
Состојки:
- 1 парче свеж ѓумбир
- маслиново или кокосово масло по избор.
Начин на подготовка:
- Ѓумбирот темелно измијте го и излупете го. Потоа изрендајте го.
- Со помош на цедилка исцедете го сокот од изренданиот ѓумбир. Доколку имате осетлив скалп, додајте и вода со цел да ја разредите концентрацијата на сокот, бидејќи маската може да го иритира вашиот скалп.
- Во садот со сокот од ѓумбир додајте и маслиново или кокосово масло, и добро измешајте. Количината на маслото треба да биде малку поголема од онаа на чистиот сок од ѓумбир.
- Вака добиената течност складирајте ја во чиста тегла со капак.
Употреба:
Со помош на памучен тупфер врз скалпот нанесете од маслото со ѓумбир, 1-2 пати во неделата. По нанесувањето се препорачува да се направи и кратка масажа на скалпот со цел да се подобри циркулацијата во пределот на главата. Потоа косата завиткајте ја во пластична ќеса. Оставете ја маската да делува околу 20-30 минути, а потоа косата измијте ја со шампон и регенератор. Третманот повторете го додека забележите подобрување на состојбата на скалпот.
Извор:sezahrana.mk