Забрана за тешки товарни возила има на патниот правец Маврово-Дебар, а на патот Тетово – Попова Шапка, освен за камиони, забраната важи и за автобуси, додека за останатите возила е задолжителна зимска опрема.
Авто мото сојузот на Македонија попладнево информираше дека укинати се забраните за камиони на планинските премини Плетвар, Ѓавато, Буково, Стража, Пресека и патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан.
На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци на кашест снег на коловозот.