Новите снежни врнежи ќе ја продолжат скијачката сезона на Попова Шапка оваа пролет – ММС
ММС

Објавено на: 03/22/21 11:36 AM

Новите снежни врнежи ќе ја продолжат скијачката сезона на Попова Шапка оваа пролет

Новите снежни врнежи ќе ја продолжат скијачката сезона на Попова Шапка оваа пролет. Услови за скијање во текот на месец април има, но дали ќе работаат ски лифтовите и жичниците зависи од интересот на туристите.

Иако завршува месец март, скијачката сезона на центарот во полн ек. Моментално работаат сите ски лифтови и жичници. Снежната покривка е доволна да има скијање во текот на целиот нареден месец. И така ќе биде, ќе има скијање и во месец април ако има интерес од скијачите, велат од раководството на скијачкиот центар Попова Шапка.

И оваа година скијачкиот центар не помина без проблеми. Најголемиот, недостигот на паркинг просторот не се реши. Од раководството велат дека имале план да работаат на ова прашање, но пандемијата ги спречила.

Од центарот оваа ски сеозона иако во услови на пандемија ја оценија како една од најуспешните во последниве неколку години.

Зоран Димовски