Цевчињата за пијалоци – голем еколошки проблем, но која е алтернативата? – ММС
ММС

Објавено на: 07/30/18 9:42 AM

Цевчињата за пијалоци – голем еколошки проблем, но која е алтернативата?

– Според извештаи на Обединетите нации, секоја година во океаните завршуваат околу осум милиони тони пластика, што има огромно штетно влијание врз морскиот свет. Во документарец на Би-би-си авторите го илустрира тоа вадејќи цевче за пијачки од муцката на морска желка.

Се покажа дека сламките за еднократна употреба се огромен дел севкупниот пластичен отпад. Само во САД и Велика Британија дневно се исфрлаат 550 милиони сламки, поради што се поголем замав зема идејата за нивно исфрлање од употреба. Компанијата Старбакс е меѓу првите кои најавија целосно исфрлање на овие помагала до 2020 година. ИКЕА ќе ги забрани уште годинава. Но, се поставува прашањето – како да се заменат?

Еден од начините е веќе познатата поклопена чаша со отвор за пиење, којашто може да се рециклира. Но, важно е да се спомене и дека тоа не е добра замена за луѓето со телесна попреченост кои не можат да држат каква било чаша, или пак старите, изнемоштени лица – тие речиси и да мора да користат цевчиња.

Мекдоналдс, на пример, има намера да ги замени пластичните со хартиени цевчиња во своите ресторани во Велика Британија и Ирска, а потоа да ги прошири и во САД, Франција, Шведска, Норвешка и Австралија.

Во кампањата против пластичните цевчиња се вклучи и британската кралица.

Според Светската здравствена организација, низ целиот свет има над 600 милиони лица со попреченост, и тие мора да бидат битен фактор при решавање на проблемот.

 

Извор:МИА