Чаби Алонсо ќе седне на тренерското столче на Борусија Менхенгладбах – ММС
ММС

Објавено на: 03/22/21 11:22 AM

Чаби Алонсо ќе седне на тренерското столче на Борусија Менхенгладбах

Тренерските промени во текот на една сезона, за актуелната или онаа која следи, станаа карактеристични за Бундеслигата. Откако стратегот на Борусија Менхенгладбах, Марко Розе, најави дека во кампањата 2021/22 ќе застане на чело на Борусија Дортмунд, неговата замена денес ја открија германските медиуми.

Според Кристијан Фалк од „Билд“, некогашниот фудбалер на Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн Минхен, Чаби Алонсо, ќе седне на тренерското столче на овогодинешниот осминафиналист во Лигата на шампионите, Борусија Менхенгладбах.

Шпанецот постигнал договор со црно-белите и веќе од јуни ќе ја започне својата професионална тренерска кариера во големиот германски клуб.

Со само 36 поени Менхенгладбах се наоѓа на десеттата позиција на табелата во Бундесот.

 

Фото:

spainnews.com