Во Битола продолжува тестирањето кандидати за реонски попишувачи – ММС
ММС

Објавено на: 03/22/21 8:10 AM

Во Битола продолжува тестирањето кандидати за реонски попишувачи

Во Битола денеска ќе бидат тестирани кандидатите за реонски попишувачи кои се пријавија на дополнителниот конкурс.

Станува збор за  пописниот реон 20 кој ги опфаќа општините Битола, Могила и Новаци, чии кандидати ќе се тестираат во средното општинско економско училиште „Јане Сандански” во Битола.

Тестирањето ќе биде организирано во две групи, првата од 13.30, а втората група од 15 часот, според пропишан протокол на Министерството за здравство за заштита од КОВИД 19, односно секој кандидат на себе да носи заштитна маска КН 95.

Распоредот за тестирање е објавен на веб-страницата на Општина Битола, како и во седиштето на пописната комисија во овој град.