Вечерва паднаа три лавини кај Бигорскиот манастир, една зафатила возило во движење – ММС
ММС

Објавено на: 03/22/21 12:16 AM

Вечерва паднаа три лавини кај Бигорскиот манастир, една зафатила возило во движење

Едно лице е полесно повредено од снежна лавина која паднала врз возило што се движело по регионалниот пат Маврови Анови-Дебар. Снежните врнежи предизвикале уште две лавини кои го попречија одвивањето на сообраќајот од 21 часот.

 Градоначалникот на општина Маврово Ростуше, Медат Куртовски информираше дека дежурни екипи на „Македонија пат” успеале да обезбедат проодност и сообраќајот што бил во прекин да се нормализира.

  – Вечерва во близина на бензиската пумпа кај Бигорскиот манастир паднати се три лавини. Една од лавините зафатила едно возило во кое еден од патниците задобил лесна повреда на ногата. Екипи на Македонија пат, општина Маврово и Ростуше и Бигорскиот манастир се на терен со свои машини и работат на расчистување на лавините, инфомира градоначалникот Куртовски.

            По два часа работа, механизраните екипи го расчистија коловозот и овозможија движење на возила.

            На овој дел од патот што води по долината Радика и претходно се случувало да има лавини. таквата појава е честа особено при крајот на зимата кога снегот се топи и при пообилни снежни врнежи.

З.Г.М.

Фото: Фејсбук