Како славните личности им го загорчуваат животот на келнерите – ММС
ММС

Објавено на: 03/21/21 9:49 PM

Како славните личности им го загорчуваат животот на келнерите

Славните личности често ја чуваат својата приватност далеку од очите на јавноста, но и тие како и сите останати, повремено сакаат да се опуштат во ресторан или бар. Некои од нив неретко ги изненадуваат вработените во локалите, со својата пристапност и љубезност, но сепак не сите од нив се такви.

Поранешен келнер во Лос Анџелес, Стефин Лаконте открива со што се се служат славните личности за да им го „загорчат“ животот на келнерите и трговците.

  • Бараат попусти

„Можеби помислувате дека со оглед на тоа што заработуваат огромни суми на пари, попуст од 10 отсто не им значи многу, но честопати сум доживеал да ме пражаат дали може да добијат попуст или нивните асистенти однапред се јавуваат и бараат попуст. Одговорот генерално е не. “

  • Знаеш ли кој сум јас?

„Иако е клише, сум го слушнал честопати. Најпознатите никогаш нема да кажат вакво нешто, но оние што се помалку познати го прават. За ова одговорот е – жал ми е но не знам.“

  • Не оставаат бакшиш

„Најголем дел од нив оставаат одличен бакшиш, но секогаш се појавува некој кој едноставно е различен. Сопствениците на рестораните често мораат да ги почастат и не плаќаат сметки, но ако веќе си добил бесплатен ручек барем остави бакшиш.“

  • Не сакаат директно да разговараат со келнерите

„Наместо тоа, ни се обраќаат нивните асистенти. Разбирам дека не сакаат да привлечат внимание, но понижувачки е кога некој не сака ни да те погледне.“

  • Бараат подобра маса затоа што се славни

„Нема да ве лажам, славните обично ги добиваат најдобрите маси, но ако се појават без резервација, а во ресторанот е гужва, тогаш немаат опција да бираат. На некои тоа не им смета, дури подобро им е да добијат маса некаде каде што помалку ќе се истакнуваат, но некои добиваат нервни сломови доколку добијат полоша маса од онаа што ја замислиле.“

  • Резервираат под лажно име, а потоа бараат подобро место

„Нема ништо погрешно во тоа да резервираат под туѓо име, но тогаш немаат право да се бунат и да се лутат кога се појавуваат неочекувано.“

 

Извор: курир.рс