Поради интензивни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци Струга – Г.П. Ќафасан и Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково.
Како што информира АМСМ, забраната за сообраќај е воведена од 20:00 часот.
Претходно забрана за движење на камиони беше воведен на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.
Поради интензивни врнежи од снег oд 14.30 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.
Од 10:15 часот поради интензивни врнежи од снег забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово – Дебар.