Ѓуриќ: Засега немаме никаква понуда за решение за Косово – ММС
ММС

Објавено на: 07/30/18 8:22 AM

Ѓуриќ: Засега немаме никаква понуда за решение за Косово

Србија засега не доби никаква понуда за решавање на проблемот за Косово, изјави директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, додавјќи дека кога не повидок ќе има некакво решние, властите ќе ги инфромираат граѓаните за тоа.

– Повеќето западни држави мислат дека прашањето за Косово е заокружена приказна. Но, ние разговараме и со Русите и со Американците и со Кинезите и со сите кои имаат идеја за компромисно решение, изјави Ѓуриќ при гостување во белградската телевизија ТВ Прва.

Ѓуриќ нагласи дека тој лично е на ставот оти заеднички треба да се решава за прашањето за Косово,

– Моментно немаме никаква понуда, а кога ќе ја имаме ќе ги информираме граѓаните. Каково решение и да имаме, ние ќе го споделиме со граѓаните, додаде Ѓуриќ.

 

Извор:МИА