Воведена задолжителна употреба на зимска опрема за тешки товарни возила на патот Кичево-Охрид преку Пресека – ММС
ММС

Објавено на: 03/21/21 10:42 AM

Воведена задолжителна употреба на зимска опрема за тешки товарни возила на патот Кичево-Охрид преку Пресека

Воведена е задолжителна употреба на зимска опрема за тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид, преку планинскиот премин Пресека, соопшти Автомото сојузот.

Воведувањето задолжителна употреба на зимска опрема за тешки товарни возила, како што појаснуваат од АМСМ, е поради врнежи од снег на патниот правец Кичево – Охрид, преку Пресека.