Снег на повеќе патни правци – се препорачува внимателно возење – ММС
ММС

Објавено на: 03/20/21 6:46 PM

Снег на повеќе патни правци – се препорачува внимателно возење

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Снег со слаб интензитет врне во Берово, Делчево, К.Паланка, Битола, П.Шапка, Маврово, Стража, Пресека и Ѓавато кој во моментов не се здржува на коловоз, соопшти АМСМ.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.