Атракција во Прага низ која не можат да поминат дебели – ММС
ММС

Објавено на: 03/20/21 5:59 PM

Атракција во Прага низ која не можат да поминат дебели

Ако се најдете некогаш во Прага среде туристичката врева и изгубени меѓу десет групи странсци, сигурно сте посакале скриено место само за себе, за кое никој друг не знае. Еве една мала тајна – тоа место постои, само многумина не ги собира во него. А сместено е во центарот на градот.

Се работи за натесната улица во Прага во преубавиот стар дел од градот. Оваа улица е за една личност (или една колона). Долга е околу 10 метри и широка само 50 сентиметри. Незгодно е во неа да се разминат двајца луѓе, освен ако сте и двајцата витки, пишува „Пун Куфер“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tijana Pešić 🌻 (@tijana.rf)

Толку е тесна што има семафор на двата краја за пешаци кој означува кога можете да влезете, односно кога сте сигурни дека никој од спротивната страна нема да дојде. И вие сте тој кој притиска на тастерот означувајќи на оние од другата страна дека влегувате.

Со оглед на тоа дека и другиот крај може да се види, се работи повеќе за симпатична инсталација која дава посебен шарм на улицата. Малку кој го доживува тоа за сериозно и повеќе служи за позирање пред камери.

Извор: Нова.рс Фото: Tatiana Chekryzhova