Жителите на Општина Свети Николе денеска добија реконструирана филтер станица со девет бунари со нов филтер и водоснабдителен систем со цевковод од пет километри за селото Горобинци. На свеченоста на празникот Тодорица, градоначлникот Сашо Велковски рече дека реконстриураниот водоснабдителен систем, ќе биде со значење и за жителите на повисоките делов од градот, кои имаат недостаток од вода во летните месеци.
– 14 години овој капитален објект со девет артерски бунари за вода, нефункционална филтер станица стоеше на заборав на времето , иако во него претходно беа вложени околу 2,5 милиони евра . Оваа локална власт благодарејќи на домаќинско работење, како и на ентузијазмот на наши сограѓани вложи напори со сопствени средства од буџетот на општина Свети Николе, во износ од 8.500.000 денари дел овој систем на бунари да го рестартира ,поточно три бунари, да вложи во набавка на сосема нов вид на филтер за прочистување на водата со капацитет од 20л/с, но и да изгради нов цевковод во должина од пет километри до село Горобинци. Со една ваква инвестиција во услови на пандемија од ковид19, решаваме два големи проблеми на граѓаните – водоснабдување на жителите од с.Горобинци, кои мака мачат со недостаток на вода посебно во летните месеци од годината, но и на жителите на повисоките подрачја во градот и населбата Бел Камен, кај кои се појавува постојан недостаток на вода, исто така во летниот период од годината, рече Веклковски.
Подизведувач на работите е Сандра инжинеринг од Скопје, додека изградбата на овој капитален објект нов предизвик беше и за ЈКП Комуналец од Свети Николе.
Оваа година традиционалното празнување на Тодорица изостана во форма во која навикнаа жителите со бројни манифесгтации, раздвижени домаќини и гости, традционалниот панаѓур, но и реномираниот Меѓународен фестивал на изворен фолклор „Тодорица“. Наместо разиграните групи и солисти од цел Балкан, оваа година се одржа ретроспектива на 20-годишниот јубилеј.
– Оваа гoдина на различен начин го реализираме фестивалот со прикажување на инсерти од претходните години. Се надевам дека догодина ќе имаме можност да го реализираме во услови по кои го знаеме фестивалот, рече Мартина Богдановска, директорка на Домот на култира „Крсте Мисирков“, организатор на Меѓународниот фестивал „Тодорица“.
По повод Тодорова сабота, во црквата Свети Николај се одржа света архиерејска литургија со која чиноначалствуваше митрополит Брегалнички г.Иларион во сослужение со митрополит Европски г.Пимен и епископ на струмичката епархија Јаков Полјански.