Принц Џексон, најстарото дете на кларот на поп музиката Мајкл Џексон во едно од ретките интервјуа се присетил на својот татко и растењето со него. Рекол дека сфатил дека неговиот татко е славен пред 15-тина години.
-Беше тоа некадена Блискиот исток, одевме по улица а се повеќе луѓе не пратеа, од кои многумина сакаа да се фотографираат со него.Тогаш сфатив дека тој е славен, рекол Принц Џексон за „Foc Soul“.
Мајкл Џексон зад себе остави три деца. Најстариот Мајкл Џозеф, познат како Принц денес има 24 години, неговата сестра Парис е една година помлада, а Принц Мајкл познат како Бланкет, минатат година наполнил 18. Медиумите ги пратат цел живот, иако тешко некој може да дознае како изгледало нивното растење зад капијата на Џексоновата „Недојдија“.
Принц рекол дека од неговиот татко му останале многу убави спомени и дека и денес се придржува и сеќава на неговите совети.
-Ми рече никогаш да не престанам да учам. Иако дипломирав пред две години, тоа не значи дека ќе престанам да учам, бидејќи татко ми еднаш рече: „Оној момент кога ќе престанеш да учиш, почнуваш да умираш“.
View this post on Instagram
-Горд сум што го имам тоа презиме, но тоа е така моќно што чувствувам одговорност поради се што мојот татко пoстигна и се трудам да не го извалкам, рекол синот.
View this post on Instagram
Извор: Wanted.modno.rs