(видео) Странски држави доставиле докази за Камчеви до Обвинителството – ММС
ММС

Објавено на: 03/20/21 2:32 PM

(видео) Странски држави доставиле докази за Камчеви до Обвинителството

Бизнисите на семејството Камчеви се предмет на истрага уште од 2004-та година, кога истрагата допира до оф шор компании од Лугано. Меѓутоа, македонската јавност тогаш не е свесна  што значат тие оф шор компании. Предметот е запрен, откако Обвинителството се повлекува. Ова во емисијата Стадион на Канал 77 го кажува истражувачкиот новинар Васко Маглешев, кој долги години го следи правосудството. Тој смета дека Обвинителството може да го отвори овој предмет повторно, ако дојде до нови докази, бидејќи е мајка на сите подоцнежни случаи, вклучувајќи го и актуелниот „Империја“, во кој обвиниет е Орце Камчев.

Маглешев зборува и за начинот на притворањето на Камчев и Горан Грујевски и улогата на белешката од АНБ, што е предемет на јавни контраверзи.