Нашиот претстставник на Евровизија, Васил Гарванлиев деновиве буквално е линчуван од дел од јавноста. Неговата јавна изјава дека има и бугарско државјанство, а и спотот што потоа беше повлечен па изменет, ја стави музиката во позадина, но го извади говорот на омраза и булингот, кој како што рече во емисијата Стадион на Канал 77, Јилмаз Дервиши, шеф на ПР тимот на Васил Гарванлиев, деновиве ги трпи пејачот.
-Никој не помисли кои ќе бидат послециците од линчот упатен кон него? Што ќе правиме со 400 пораки и закани кон него на профилите на В Г? Дали некој ги чита коментарите и булингот што во мометов се одвива на социјалните медиуми? Дали некој ќе сноси одговорност за ова? Што доколку некој посегне посериозно и го нападне Васил Гарванлиев?, кажа Дервиши.
На прашањето дали има страв за безбедноста на Гарванлиев и дали размислуваат за физичко обезбедување, Дервиши одговори:
-Васил секкао дека во моментов е сигурен, но малку сме загрижени и го разгледуваме и тој аспект, изјави Јилмаз Дервиши во емисијата Стадион на Канал 77.