Автобус со 70 патници падна во провалија во Шри Ланка, најмалку 14 загинати – ММС
ММС

Објавено на: 03/20/21 1:25 PM

Автобус со 70 патници падна во провалија во Шри Ланка, најмалку 14 загинати

Во близина на Коломбо, главниот град на Шри Ланка, автобус падна во провалија. Во оваа сообраќајна несреќа животот го загубија 14 луѓе, а повеќе од 30 се повредени, јавува aгенцијата Анадолија (АА).

Аџит Рохана, портпаролот на полицијата, соопшти дека автобусот паднал во провалија во близина на местото Пасара, на 240 километри од главниот град Коломбо. Рохана информираше дека во несреќата животот го загубиле 14 лица, меѓу кои и возачот, а повеќе од 30 лица се повредени, додавајќи дека според првичните податоци, причина за несреќата е невнимателноста на возачот на автобусот.

Според вестите објавени во локалните медиуми, во автобусот имало повеќе од 70 патници.