Во Радовишко пронајдени 23 миграни од Пакистан – ММС
ММС

Објавено на: 03/20/21 12:24 PM

Во Радовишко пронајдени 23 миграни од Пакистан

Полициски службеници од Полициската станица Радовиш вчера пронашле 23 мигранти од Пакистан.

– Вчера во 15:30 часот во атарот на село Јаргулица, Радовишко, полициски службеници од Полициската станица Радовиш пронашле 23 лица – мигранти од Пакистан. Мигрантите биле предадени на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Ново Село за понатамошна постапка, соопштуваат од МВР.