Можно ли е Камчев да направи пресврт во случајот Рекет? – ММС
ММС

Објавено на: 03/20/21 12:11 PM

Можно ли е Камчев да направи пресврт во случајот Рекет?

На ова прашање одговара истражувачкиот новинар Васко Маглешев, кој во емисијата Стадион направи кратка анализа дали бизнисменот Орце Камчев од притвор може да влијае врз натамошниот тек на предметот Рекет. Маглешев најавува дека во Рекет е неправосилен и веќе е пред Апелацискиот суд, кој треба да решава.

-Предметот Рекет е пред седница на Апелација и во наредниот месец таа треба да одлучи дали ќе потврди или ќе го преиначи. Не очекувам некакво поместување, затоа што Рекет и Меѓународен сојуз се два различни настани и се со различни сведоци. Рекет е условно кажан половина завршен, додека за Меѓународен сојуз се суди со пристојна динамика, одговори Маглешев.