Време: Првите пролетни денови врнжливи и студени – ММС
ММС

Објавено на: 03/20/21 7:39 AM

Време: Првите пролетни денови врнжливи и студени

Облачно со врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринските температури од минус шест до четири, а дневните од еден до 11 степени. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.

Под влијание на влажен бран, од денеска до понеделник ќе има врнежи од дожд, на планините од снег. Поради заладување, повремено врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од пониските места. Пообилни врнежи ќе има в недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник (локално над 30 л/м2). На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а нова ќе има и во некои пониски места. Од понеделник до среда ќе дува повремено силен ветер од северен правец (локално и над 60 км/час). Преодно стабилизирање ќе има во вторник, а в среда се очекуваат нови локални врнежи со послаб интензитет.