Пиоли кон асистентот на Солскјер: Твојата сестра е добар тим – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/21 10:05 PM

Пиоли кон асистентот на Солскјер: Твојата сестра е добар тим

Италијански Милан вчера загуби на „Сан Сиро“ од Манчестер Јунајтед и испадна од 1/8 финалето од Европа Лига, во неубедлив натпревар кој беше решен од повратникот во редовите на Манчестер, Пол Погба.

Голот во гости од минатата седмица не беше докрај валоризиран на домашен терен, а тренерот на Милан, Стефано Пиоло, поразот од „црвените ѓаволи“ не го примил баш во спортски и фер дух.

По завршувањето на дуелот, Стефано Пиоло при поздравувањето со противничкиот стручен штаб, на асистентот на Манчестер Јунајтед што наводно „учествувал во играта“ и трошел време за својот тим, му се обратил со не толку нежни зборови откако Оле Гунар Солскјер му рекол „добар тим“.

-Добар тим, мојот задник. Ти си го*нар, твојата сестра е добар тим, луто извикал Пиоли.

Во 1/4 финалето од ова натпреварување, Манчестер Јунајтед ќе се сретне со Гранада, Динамо Загреб со Виљареал, додека пак Арсенал и Славија, како и Ајакс и Рома ќе ги вкрстат копјата во борбата за полуфинале.

 

 

 

Фото:

acmilan.theoffside.com