НАСА го заврши тестот на моторот што планира да го користи за патувања на Месечината – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/21 9:29 PM

НАСА го заврши тестот на моторот што планира да го користи за патувања на Месечината

Американската агенција за вселенски истражувања (НАСА) го заврши тестот на ракетниот мотор што планира да го користи за патувања во Месечината, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Менаџерот на ракетната програма „Спејс ланч систем“ (SLS), Џон Ханијкат, во изјавата за медиумите истакна дека тестот на ракетниот мотор што ќе се користи за експедиции на Месечината, успешно заврши во Вселенскиот центар „Стенис“ во американската држава Мисисипи.

Ханијкат наведе дека СЛС-моторите работеле околу 8 минути и на тестовите ги покажале посакуваните перформанси.

Ракетата СЛС се очекува да биде испратена до Вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида и потоа да се интегрира во леталото „Орион“.

НАСА исто така ги тестира и моторите РС-25, развиени за мисијата „Артемис 1“ во јануари.

НАСА има за цел да организира патувања со луѓе на Месечината до 2024 година, како дел од истражувачката мисија наречена по грчката божица, „Артемис“.

По експедициите кои се планирани да продолжат до 2028 година, целта е да се воспостави вселенска станица во орбитата на Месечината и да се организираат експедиции на Марс.